Вработените во „Амфенол Технолоџи Македонија“ донираа книги на кочанската библиотека
Вработените во компанијата „Амефенол Технолоџи Македонија“ донираа книги за ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани во рамки на собрината акција што вработените ја реализираа изминатиов период.
Преку акцијата за донација од компанијата истакнаа дека се збогатува книжевниот фонд на кочанската библиотека преку нови и постоечки наслови од домашни и странски автори.
Преку оваа акција, додадоа од „Амфенол Технолоџи Макеоднија“ ги поттикнуваат своите вработени да станат нови членови и читатели во „Искра“ , под мотото „Денес читател, утре нов лидер“.
Од библиотека „Искра“ се заблагодарија на вработените во „Амфенол Технолоџи Македонија“ за донацијата, при што истакнаа дека со овој гест се продлабочува соработката со компанијата. Притоа, изразија надеж дека вработените во компанијата ќе станат читатели и членови во кочанската библиотека и со тоа ќе се поттикнат читателски навики кај населението и вработените.


