Во Кочани 24. издание на Меморијалниот турнир „Легендите на Спартак“
БК “Спартак” денес беше домаќин на 24то издание на Меѓународниот турнир ,,Легендите на Спартак” организиран од страна на Б.К.Спартак помогнат од страна на Општина Кочани, Боречката Фдерација и локални спонзори.

Турнирот беше прогласен за отворен од страна на Градоначалникот Љупчо Папазов.

На турнирот учествува околу 100 борачи од Р.Бугарија, Албанија, Косово и сите клубови од Македонија. Резултати:Генерација 2015/2016год.Лазар Ангелов 1во место (Спартак), Павел Атанасов 2ро место(Спартак)

Генерација 2010/2012 жени 44кг.Атанасија Гушкова 3то место (Спартак)

Генерација 2009/2011мажи 44кг.(Спартак) Едис Билалов 2ро место(Спартак) Јован Илијев 1во место 48кг.(Спартак)

Даријан Павлев 1во место 62кг.(Спартак)

Павел Темелков 1во место 68кг.(Спартак)

Филип Ангелов 2ро место 85кг.(Спартак)

За најдобар странски борач беше прогласен Горги Игов од Р. Бугарија трофејот му беше врачена од Насе Насев.
За најдобар домашен борач беше прогласен Павел Темелков од Спартак трофејот му беше врачена од претседателот на федерацијата Дејан Богданов.
И за најдобар борач кој го освои турнирот со четири убедливи победи и ниту еден загубен бод беше Даријан Павлев од Спартак. Трофејот му го додели претседателот на клубот Спартак Зоран Сребренов.
За сите освоени први места следува дополнителни награди од Малена Суплимент.
Благодарници им беа доделени и на четворица великани од кочанското борење за посебен придонес и развој во борењето како борачи, тренери и судии Благој Алексов (Гојана), Јорданчо Јанев Владо Ангелов (Пенац)и Гоце Ангелов (судија).
Гости кој присуствуваа Дејан Богданов, Могамед Ибрагимов, Владо Соколов, Александар Андов, Орце Митров, Љупчо Папазови и многу други.