Во Кочани реализирана превентивна акција како дел од кампањата ” Вози одговорно за празникот на виното и љубовта”
Полициски службеници од Полициската Станица – Кочани и учениците од соообраќајната струка од СОУ „Гошо Викентиев“, поделија едукативни материјали на учесниците во сообраќајот.
Поводот за реализираната превентивна акција претставуваат празниците „Св. Валентин“ и „Св. Трифун“. Ги потсетија возачите да возат внимателно и да се грижат за сите учесници во сообраќајот, како и да не дозволуваат непромислената грешка во сообраќајот да го наруши празничното расположение.
Кампањата „Вози одговорно за празникот на љубовта и виното“, ја спроведуваат Општинскиот и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта, како и Министерството за внатрешни работи. Целта е да се подигне сообраќајната свест и култура на возачите и во највеселите празнични мигови да се воздржат од управување на возилата под дејство на алкохол и така во ризик да ја доведат сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.



