Во Кочани одбележан јубилеј 80 години од основањето на Црвен крст на Р. Македонија
На свечен настан, Општинската организација на Црвен крст Кочани го одбележа јубилејот од 80 години од основањето на Црвен крст на Р. С. Македонија.

Под мотото „80 години Ние гледаме луѓе“, на свеченоста, од страна на претседателот на Црвен крст на Р.С. Македонија, Ромел Велев во името на националното друштво беа доделени плакети на општините Кочани, Чешиново – Облешево, Зрновци, а ги примија градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Далибор Ангелов и Благој Данев, претставник од Општина Зрновици.



Преку историски видео материјал беше прикажан настанокот на Црвениот крст на национално и локално ниво како и услугите по кои денес е препознатливо националното друштво.

Здравка Џамова, корисник на сервисот за помош и нега во домот, Тони Глигоров, повеќекратен крводарител и Рената Спасова, долгогодишен волонтер во Црвен крст Кочани споделија дел од своето искустово и поврзаноста со Црвениот крст.

Присутните гости ги поздрави и претедателот на Црвен крст Кочани, Дејанче Арсов.

Уметничкиот дел на настанот беше доверен на оркестарот на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани.
