Во Кочани во среда и четврток активност “Нахрани 10.000” по повод Светскиот ден на храната
НАХРАНИ 10.000
– Среда и Четврток 16-17.10.2024 ГОД.
На 16ти и 17ти октомври ќе се одржи голем хуманитарен настан на собирање на храна на 11 локации низ 7 града во Македонија.
Во Скопје активноста ќе се одржи на 5 локации. Другите локации ќе бидат во Штип, Пробиштип, Виница, Берово, Македонска Каменица, Кочани и Злетово. Во Кочани штандовите ќе бидат поставени во Трговскиот центар и во Стришани пред маркет Рич и пред маркет Кај Тоше пред Општа болница во 10:00 часот.
Ги повикуваме граѓаните да ги посетат штандовите и да донираат храна. Истата ќе биде наменета за бездомниците и социјално загрозените.
Во Македонија има повеќе од 450.000 граѓани кои не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на еден ден. Од друга страна, недостасува начин на кој нивните сограѓани би можеле редовно да донираат храна на оние на кои таа им е најпотребна.
По тој повод здруженијата Вистински Дела На Љубезност Real acts of kindness, Хуманитарна организација “Свети Спас”, ADRA Macedonia и Хуманитарно здружение “Умиление” – Виница повторно ја организираат националната акција “Нахрани 10.000“ каде се собира храна на одбрани локации, поточно пред Маркети пред кои ќе бидат поставени штандови и ќе стојат волонтери кои ќе собираат храна од граѓаните кои сакаат да донираат.
Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна, која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, грашок, конзервирана риба, супа, бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук.
Помогни некому, донирај!
