Во Библиотеката „Искра“ реализиран проектот „Ацо Шопов – вечен поет во градот под Исарот“
Во просториите на ЈОУБ „Искра“ беше реализиран проектот „Ацо Шопов – вечен поет во градот под Исарот“. Поводот за гостувањето на Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ од Штип беше поводот за одбележувањето на Месецот на книгата и 100 години од раѓањето на Ацо Шопов.


-ЈОУБ „Искра“ од Кочани бележи уште еден интересен настан во соработка со Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“ од Штип. Денеска ќе одбележиме 100 години од раѓањето на Ацо Шопов. Настанот ќе се одвива во соработка со учениците од СОУ „Гошо Викентиев“ од Кочани, истакна Кристина Ѓеоргиевска Атанасова, директорка на ЈОУБ „Искра“.

Проектот е подржан од Министерството за култура. На настанот говореа библиотекарите Соња Манева и Тодор Џидров, проф.д-р Јованка Денкова од УГД „Гоце Делчев“ – Штип, беше претставена power point презентација посветена на поетот, а учестваа и ученици од СОУ „Ѓошо Викентиев“ – Кочани со ментор проф. д-р Марија Соколова, кои читаат стихови во чест на Ацо Шопов.



