Во Библиотеката „Искра“ промовиран романот „Ти не си тој“ – првенче на авторката Анита Петрова
Во ЈОУБ „Искра“ во Кочани беше промовиран романот „Ти не си тој“ од авторката Анита Петрова. Промотори беа д-р Десанка Николова и уредничката Емилија Златкова – Анастасова.

-Ова е мој прв роман кој го пишував со огромна доза на љубов и задоволство и се надевам дека ќе му се допадне на читателската публика. Јас го пишував романот, но оставам на публиката да каже дали ќе им се допадне или не. Станува збор за романса испреплетена со мистерија. Дејството се одвива во Македонија, а дел и во непознати предели во Италија, рече авторката Петрова.

Петрова истакна дека не застанува тука, ова е нејзина прва, но не и последна книга.

