“Вози велосипед, биди здрав!” Учениците од ОУ “Крсте Петков Мисирков” од Оризари го одбележаа 22. Септември – Светскиот ден без автомобили
“Вози велосипед, биди здрав!” Учениците од четврто и петто одд. од ОУ “Крсте Петков Мисирков” од Оризари на училиште дојдоа со своите велосипеди со што го одбележаа 22. Септември – Светскиот ден без автомобили.

Испратија порака за здрав живот промовирајќи го велосипедот како превозно средство со што дадоа придонес за промоција на велосипедизмот и зачувување на здравата животна средина.

За еколошките и здравствени придобивки од возењето велосипед твореа и цртаа учениците од второ и трето одд.





