Бесплатни групни сесии за психолошка поддршка организира Групација Алтернатива како дел од проектот „Простор за поддршка”
На 29 април 2025 година, со почеток во 18:30 часот, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, ќе се одржи информативна средба за проектот „Простор за поддршка“.

Целта е да ја информираме и охрабриме јавноста, особено оние кои се соочуваат со загуба, болка и траума, да се пријават и да бидат дел од бесплатните групни сесии за психолошка поддршка што започнуваат во мај.
Групација Алтернатива
