Безбедноста на прво место – трибина за законските обврски за управување велосипеди и мотоцикли
На темата Безбедноста на прво место, во Спортската сала „Сашо Лазарев-Чапо“ во Кочани, се одржа трибина посветена на учесниците во сообраќај со велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли.

Општина Кочани, МВР ОВР Кочани ПО за БПС Кочани и ОСБСП Кочани, со поддршка од ИПА – Интернационалната полициска асоцијација и со Центарот за социјални работи Кочани трибината ја наменија за родителите и за учениците од средните училишта и учениците од деветтите одделенија од основните училишта во Кочани, со цел да се зголеми безбедноста на децата и на младинците како учесници во сообраќајот.

На трибината беа претставени законските обврски за управување велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли, лесни четирицикли и четирицикли, се дискутираше за кршењето на постојните правила и прописи и последиците по здравјето и животите на учесниците во сообраќајот.

На трибината беше забележано незадоволително присуството на родителите и на младите возачи на мопеди и мотоцикли.
