Атрактивната пејачка Андријана Петрушовска во петок (17.05) гостува во кафе бар “Extreme” Македонска Каменица
Атрактивната пејачка Андријана Петрушовска по своето учество на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ каде што стаса до самото финале е доста ангажирана на настапи низ домашните локали.
Во петок (17.05) ќе гостува во кафе бар “Extreme” Македонска Каменица.
Андријана на секое појавување во студиото на „Гранд“ во Белград ги изненадуваше жирито и публиката со своите смели и провокативни креации.
Во Македонска Каменица во кафе бар “Extreme” ќе настапи од 22:00 часот. Влезот е бесплатен.
Од кафе бар “Extreme” ги покануваат сите обожаватели на атрактивната пејачка да присуствуваат на забавата.
Резервации на тел: 071/366 – 432
