АТМИ „Митко Алексов“ од Кочани учествуваше на Меѓународниот фестивал „Средба русалии – фолклор 2023“ во Босилово
АТМИ „Митко Алексов“ од Кочани викендов учествуваше на Меѓународниот фестивал „Средба русалии – фолклор 2023“ што традиционално по 12 пат се реализираше во Секирник, Општина Босилово.

– Еден успешен настап – еден бисер. Вчеравечер нанижавме уште еден бисер на нашиот ѓердан. Голема благодарност до г-динот Димитар Иванов, кој со својата покана ни овозможи учество на Меѓународниот фестивал “Средба русалии – фолклор 2023” кој се одржа во Секирник, Општина Босилово, истакнаа од АТМИ „Митко Алексов“ од Кочани.

Средба на Русалиите во Секирник, по 12-ти пат во пресрет на големиот христијански празник Голема Богородица, патронен празник на селото.

Мисијата на Русалиите за зачувување на уникатниот фолклор не само што продолжува, туку и се проширува со многу млади играорци.
Дванаесеттото издание на фестивалот посветен на русалиските игри преку настапите на КУД „Русалии“ од Секирник, Русалии „Пољаните“ од Петрич, Бугарија, КУД „Танец“ од Миравци, КУД „Јане Сандански“ од Неготино, ФА „Мегдан“ од Богданци, ФА „Копачка“ од Драмче, делчевско и АТМИ „Митко Алексов“ од Кочани, овозможија уште еднаш да се види и доживее дел од богатството и гордоста на Македонците чувани и негувани со генерации наназад.
АТМИ „Митко Алексов“ – Кочани



