Антонија Апостолова од ОМУ „Ристо Јуруков“ со максимален број бодови на Меѓународниот фестивал во Штип
На Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер “Сергеј Михајлов” Штип, што се одржува од 11 – 17.05.2023 г. Антонија Апостолова, ученичка во ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани која свири на гитара во класата на наставник Зоран Христов беше најдобра во својата категорија и освои максимални 100 бода.
Учениците од ова училиште постојано редат успеси и од државни и меѓународни натпревари се враќаат со освоени високи награди и признанија. На 16.05.2023 ќе учествуваат на натпревар од класите по пијано и се надеваат повторно на високи резултати.