Александра Стојанова победник на натпреварот „Млади библиотекари“ 2023
Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“, на натпреварот „Млади библиотекари“ за 2023 година, првото место го освои Александра Стојанова, IX одд. ученик во ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани , под менторство на наставник Вера Стојкова.

Натпреварот е реализиран по 22 – ри пат, на кој учестваа 11 ученици од сите општински училишта од Кочани.

Победникот ќе ја претставува општина Кочани на Републичкиот натпревар „Млади библиотекари“ кој ќе се одржи на 12 мај, 2023 година, а домаќин ќе биде ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани.

