Акција за чистење на Доброволното противпожарно друштво од Кочани
Членови на Доброволното противпожарно друштво од Кочани спроведоа акција за чистење на просторот (плочникот) во Градскиот Трговски Центар во Кочани.

Освен во трговскиот центар екипите на ДПД го исчистија и детското игралиште во „Паркот на Револуцијата“.
Акцијата е на иницијатива на Општина Кочани.






